Русија подготви цел пакет санкции против земјите кои воведоа рестриктивни мерки кон Москва, а Западот ќе ги почувствува, изјави денеска претседателката на Горниот дом на рускиот парламент, Советот на федерацијата, Валентина Матвијенко.

Возвратните меркии нема да бидат идентични со санкциите против Русија, но ние сме целосно свесни за слабоста на Западот. Подготвивме и цел пакет санкции кои ќе ги примениме против оние земји кои воведоа рестриктивни мерки против Русија, истакна Матвијенко пред новинарите.

Таа посочи дека Европа се казни само себе си со санкции против Северен поток 2, бидејќи тоа ќе доведе до зголемување на цената на гасот.

Матвијенко изрази уверување дека одложувањето на сертификацијата на тој гасовод е времено решение.

На вчерашната 17-та седница на македонската влада беше разгледана и усвоена Информацијата за новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ во поглед на ситуацијата во Украина со препорака за придружување на Македонија кон сите одлуки на ЕУ за овој вид на рестриктивни мерки.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.