Руското Министерство за одбрана соопшти дека на воените вежби во Јапонското Море, од подморница е лансирана крстаречка ракета „Калибр“ кон копнена цел оддалечена повеќе од 1.000 километри, пренесоа британските медиуми.
Министерството објави и видео на кое се гледа како проектилот излегува од под водата, а потоа погодува цел во тренинг област во источниот дел на руската територија Хабаровск.
Москва, која имаше повеќедецениски територијален спор со Токио за Курилските острови во Тихиот Океан, соопшти дека во вежбата учествувале и неодреден број бродови, авиони и беспилотни летала.
Британските медиуми забележуваат дека Москва и во војната во Украина користеше ракети „Калибр“ за напад врз повеќе цели, вклучувајќи и електрани, лансирајќи ги од бродовите и подморниците во Црното Море.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.