Украина им нареди евакуација на ранливите категории жители на градот Купјанск, на североисточното воиште, каде има напредување на руските сили, соопшти воената администрација.

Во општина Купјанск почна задолжителна евакуација на семејствата со деца и жителите со намалена подвижност поради континуираното бомбардирање на територијата од руските сили“, соопшти воената управа на регионот Харков.

Гувернерот на Харков, Олех Сињехубов, изјави дека руските сили со повеќе ракетни фрлачи нападнале неколку населени места, вклучувајќи го и Купјанск.

Купјанск, град на околу стотина километри од Харков, пред војната имал речиси 30.000 жители. Русите го зазедоа во првите денови од офанзивата пред една година. Украинците ja вратија контролата врз градот во септември по контраофанзива.

Но, руските сили, засилени по мобилизацијата на стотици илјади резервисти во Русија, повторно тргнаа во напад во овој сектор, влевајќи страв кај многу жители



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.