Во Јужна Африка се одржа церемонија по повод почетокот на заедничките воени вежби на морнариците на Русија, Кина и Јужна Африка, на која беше соопштено дека „активната фаза“ на вежбите, во која ќе биде активна и бродската артилерија, ќе трае од 25 до 27 февруари.

На церемонијата присуствуваа командантот на руската морнарица, адмирал Николај Јевменов, заменик командантот на кинеската морнарица, вицеадмирал Ли Јуиџе и заменик-началникот на Здружената команда на јужноафриканските позадински сили, адмирал Бубеле Мхлана.

Адмиралот Јевменов ги поздрави учесниците на заедничката воена вежба и порача дека Русија е многу заинтересирана за подобрување на соработката со морнариците на Кина и Јужна Африка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.