Украина денеска соопшти за нов ноќен напад од Русија – со 35 дронови „Шахед“ од иранско производство, од кои 34 се соборени.

Нападите беа извршени „во бранови“ во текот на ноќта, од Чауда (на окупираниот полуостров Крим), од градот Приморско-Ахтарск (на источниот брег на Азовското Море) и од градот Курск, кој се наоѓа во близина на северната граница на Украина, објавија украинските воздухопловни сили на платформата Телеграм. Тие посочија дека 34 од 35-те беспилотни летала биле соборени, но не пријавиле жртви или штета.

Русија речиси секоја вечер ја напаѓа Украина со дронови и проектили. Киев ја обвинува Москва дека се обидува да го тероризира цивилното население и да ја уништи нејзината енергетска инфраструктура за да ги остави луѓето во мрак и студ, како што направи минатата зима. Меѓутоа, оттогаш Украина ги зајакна своите системи за противвоздушна одбрана со западно оружје што и овозможува да ги уништи повеќето од беспилотните летала и ракети камикази испратени од Русија



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.