Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека е длабоко загрижено поради ескалацијата на тензиите меѓу Израел и Иран и повика на нормализирање на ситуацијата на Блискиот Исток, откако Израел изврши воздушни напади врз воени објекти во Иран.

Ги повикуваме страните да покажат воздржаност, да престанат со насилството и да избегнат катастрофално сценарио“, изјави портпаролката на министерството, Марија Захарова.

Во исто време, коментирајќи ги воздушните напади на Израел во Либан, како резултат на кои беа убиени претставници на медиумите, таа ги обвини израелските вооружени сили дека се обидуваат да ги попречат различните гледишта за настаните во регионот.

„Сосема е очигледно дека телевизискиот канал „Ал Мајадин“ и неговите вработени се цел на напади. Ова е уште еден јасен пример за желбата на израелската војска по секоја цена, без згрозување на какви било средства и методи, да ги искорени сите извори на алтернативна гледна точка за настаните што се случуваат во регионот“, рече Захарова.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.