Руското Министерство за одбрана соопшти дека ќе бидат испратени два баталјона ракетни системи земја-воздух С-400 во Белорусија. Вооружувањето се испраќа во рамките на воените вежби што ќе се одржат следниот месец.
Министерството за одбрана соопштува дека двата баталјона С-400, што вообичаено вклучуваат осум против-воздушни ракетни системи, во моментов со воз се префрлаат во Белорусија од рускиот Далечен Исток
Официјална Москва најави дека во Белорусија ќе бидат распоредени и 12 борбени авиони „Су-35“ и еден ракетен систем „Панцир“.
Руските воени сили и опрема неделава почнаа да пристигнуваат во Белорусија за учество во воената вежба „Сојузничка одлучност“, што ќе се одржи во близина на западната граница на Белорусија со членките на НАТО – Полска и Литванија, како и во близина на нејзиното јужно крило со Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.