Уделот на Русија на светскиот пазар на пченица во земјоделската година 2023/24 се зголемил на 28%, соопшти руската логистичка компанија „Русагротранс“.

Русија извезла 55,4 милиони тони пченица, што претставува околу 28% (во споредба со 25% во претходната година) од вкупниот обем на светската трговија од 200 милиони тони, се вели во прелиминарната анализа на Русагротранс.

Со ваквите бројки, Русија значително ја надминуваа ЕУ, чии земји извезле 34 милиони тони пченица на странските пазари, како и Канада со 23,5 милиони тони, Австралија со 20,5 милиони тони и САД со 19,6 милиони тони.

Според извештајот, најголемите три земји купувачи на руска пченица се:

Египет, кој откупил речиси 8,6 милиони тони пченица оваа година;

Турција (7 милиони тони);

Бангладеш (3,8 милиони тони).



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.