Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба побара повеќе оружје и дополнителни санкции за Русија.
Неговото барање уследи откако Москва најави проширување на офанзивата во Украина.
Русите сакаат крв, а не преговори. Ги повикувам сите партнери да ги зајакнат санкциите против Русија и да ја забрзаат испораката на оружје за Украина – напиша Кулеба на Твитер.
Претходно, шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров изјави дека Москва нема исклучиво да се концентрира на источниот дел на Украина, како и дека преговорите меѓу Русија и Украина во сегашната ситуација немаат смисла.
Руските сили изминатите недели бомбардираат цели во неколку украински градови и напредуваат во источна Украина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.