Руското министерство за надворешниработи соопшти дека Русија нема да бара од Европската Унија укинување на санкциите, бидејќи има доволно залихи и алтернативи.

Европската Унија не е центар на универзумот – изјави шефот на европската координација во руското Министерство, Николај Кобринец, пренесува „Ројтерс“.

Русија најави дека ќе одговори на санкциите на ЕУ, порачувајќи дека 27. земји од европскиот блок може да сфатат дека не се заинтересирани за конфронтација со Москва, пренесе агенцијата, цитирајќи висок претставник на Министерството за надворешни работи.

Постапките на Европската Унија нема да останат без одговор. Неодговорните санкции од Брисел веќе негативно се одразуваат на секојдневниот живот на обичните Европејци – вели Кобринец.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.