Премиерот на Русија, Михаил Мишустин, потпиша одлука со која се легализира паралелниот увоз и која има за цел ублажување на дејството на санкциите против неговата земја.
На крајот на минатиот месец, Кабинетот на министри на Руската Федерација го легализираше увозот на стоки во земјата без да биде потребна дозвола на носителите на правата со цел да се задоволи побарувачката за странска стока што се бара. Министерството за индустрија и трговија предложи во земјата да се увезуваат само производи на брендови кои престанале да работат во Русија без дозвола на нивните носители на авторските права.
Мајкл Малој, адвокат на „DLA Piper“ во Русија, истакнува дека руската влада е подготвена да го ослабне спроведувањето на правата на интелектуална сопственост со цел да им обезбеди на своите граѓани стоки што не се достапни поради санкциите.
Во исто време, тоа значи дека во Русија ќе дојдат оригинални, а не фалсификувани производи. Се претпоставува дека увозот може да се врши преку Казахстан или Белорусија, кои се дел од интеграциската асоцијација со Руската Федерација.
Според Малој, со новата одлука, странските добавувачи ја изгубиле можноста да бараат компензација или заплена на нивната стока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.