Руската рубља падна на најниско ниво во последните 11 месеци во однос на американскиот долар и еврото.

Еврото зајакна во однос на рубљата за 1,11 отсто и се продаваше по 88,8501 рубља за евро.

Во текот на изминатите шест месеци, валутата на еврозоната напредуваше за 48,76 отсто во однос на рубљата.

Истовремено, доларот зајакна во однос на рубљата за 1,04 отсто, а во изминатите шест месеци зајакна за вкупно 34,02 отсто во однос на руската рубља.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.