Романија сака да го купи единственото пристаниште на Молдавија, што се наоѓа во Црното Море.

Станува збор за купување на меѓународниот дел на пристаништето Ѓурѓулешти на брегот на Дунав.

Интерес за купување изрази романскиот премиер Марсел Чолаку, кој се занимава и со купување на енергетски компании во Молдавија.

Пристаништето Ѓурѓулешти има терминал за нафта, два терминали за жито, терминал за други товари и деловен парк. Не е наведена сумата за која Романија е подготвена да го купи пристаништето.

Уште во септември 2023 година, Чолаку ги објави плановите на земјата да го купи молдавското пристаниште, бидејќи Романија „треба да стане важен центар во процесот на обнова на Украина“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.