Украинскиот министер за одбрана Алексеј Резников денеска изјави дека во руските воени акции убиени се 38 и повредени над 70 деца, според најновите проценки на жртви и штети.
Во видео обраќање, Резников изјави дека има најмалку 400 цивилни жртви и 800 повредени, иако податоците се нецелосни.
Резников, изјави дека во руските напади се уништени повеќе од 200 украински училишта, 34 болници и 1.500 станбени згради.
Според неговите проценки, околу 10 илјади странски студенти, од Индија, Кина и Персискиот залив, се заробени во борбите.
Резников, тврди дека украинските сили убиле над 11 илјади руски војници.
Руските освојувачи пукаат врз хуманитарните коридори низ кои се обидуваат да побегнат цивилите – изјави Резников, без да прецизира каде се случува тоа.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.