Австралија го одбележа доаѓањето на новата 2023 година со голем огномет над пристаништето во Сиднеј. Повеќе од милион луѓе ја дочекаа Новата година на улиците на Сиднеј.

Повеќе од 7.000 огномети беа лансирани од врвот на Сиднејскиот мост и уште 2.000 од Операта.

Официјалната прослава започна неколку часа пред полноќ.

Десетици илјади луѓе на брегот на познатото пристаниште во Сиднеј го проследија новогодишниот огномет.

Портите на операта во Сиднеј се отворија во 9 часот по наше веме, или во 22 часот по австралиско време, за околу 14.000 луѓе да си го заземат најдоброто место за гледање.

Некои од нив чекаат повеќе од четири часа. Австралијците навистина уживаат во сиднејскиот огномет.

Според локалните медиуми, половина милијарда луѓе во светот го следеле преносот на огнометот во Сиднеј.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.