Германската економија повторно бележи бран банкроти на големи компании, приближувајќи се до нивото на пандемијата 2020 година, се вели во анализата на осигурителот на кредити Алијанц Трејд.
Оваа година повторно имаме банкроти на големи компании кои се на пат да достигнат рекордни бројки од 2020 година, изјави експертот за банкрот на Алијанц Трејд, Максим Лемерле.
Во првите девет месеци од годинава се евидентирани 45 случаи, покажа студијата. За споредба, во истиот период лани имало 26, а во 2021 година само 17. Според пресметките на Алијанц Трејд, 58 големи компании прогласиле банкрот во цела 2020 година, од кои 44 во деветмесечниот период завршиле во септември.
До септември оваа година, 12 големи текстилни компании и модни трговци на мало и шест болници прогласија банкрот, покажа студијата.
„(Податоците) се во согласност со извештајот на Германскиот болнички институт (DKI), во кој се наведува дека две третини од германските болници сметаат дека нивната моментална финансиска состојба е лоша или многу лоша“, пишуваат експертите за банкрот од Алијанц Трејд.
Најмногу стечаи се забележани во градежништвото, вклучително малите, средните и големите претпријатија, потоа трговијата и услугите.
Шефот на германското говорно подрачје на Алијанц Трејд, Мило Богаертс, предвидува тежок период за трговците на мало во претстојната сезона на трошење пред божиќните празници.
„Веројатно ќе има многу помалку подароци под елката оваа година“, рече Богаертс.
„Цените на храната се сè уште високи, и покрај пониската стапка на инфлација. Затоа, граѓаните штедат на сè друго и помалку излегуваат, купуваат помалку облека и новогодишни подароци“.
Според „Алијанц трејд“, големи компании се оние со годишен обрт од најмалку 50 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.