Поради високите трошоци за струја и гас, Германија „ќе спадне на питачки стап“.

Субвенциите и издавањето должнички хартии од вредност нема да донесат ништо добро, објави рускиот бизнисмен Олег Дерипаска на својот канал на Телеграм.

Цената на струјата и гасот за германските компании и обичните граѓани ќе ја доведе некогаш успешната економија, главната економија на Европа, до дефицит и питачки стап“, вели Дерипаска, пренесува Комерсант.

Вака рускиот претприемач ја коментираше веста за одлуката на германското Министерство за финансии да го суспендира механизмот „должничка кочница“

Овој механизам го ограничува износот на пари што германската влада може да го позајми.

„Должничка кочница“ беше воведена во 2016 година и веќе беше привремено суспендирана на три години за време на пандемијата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.