Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) соопшти дека речиси 8.000 граѓани на Доњецката и Луганската Народна Република (ДНР и ЛНР) ја минале руската граница во Ростовската област во изминатите 24 часа.
Над 7.500 луѓе влегле во Русија и се евакуирале преку контролните пунктови во Ростовската област во изминатите 24 часа – се наведува во соопштението на прес-службата на регионалниот огранок на ФСБ, пренесува ТАСС.
Тензиите во Донбас ескалираа на 17 февруари годинава при што имаше засилена воени дејствија на украинските сили на линијата на разграничување меѓу самопрогласените републики и територијата под контрола на украинските власти, наведува руската агенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.