Деца на возраст од 8 и 12 години украле злато во вредност од речиси 200.000 евра од златара во Истанбул, јави турската телевизија НТВ.

Украле торба во која освен злато вредно над 192.000 евра, имало и 4.800 евра.

Децата следеле продавач со иницијали Е.А додека тој ги обиколувал муштериите.

Во една од златарниците каде што застанал, трговецот ја оставил чантата на земја и за момент се расеал во разговор со вработените. Во тоа време децата го грабнале златото и побегнале.

Кражбата е снимена од безбедносните камери на продавницата. Е.А. за случајот поднел пријава во полиција, но засега двајцата малолетници не се фатени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.