Бројот на загинати од ураганот Иан во САД се искачи на 27, откако вчера попладне властите на Флорида ја потврдија смртта на неколку лица кои се удавија, како и други жртви, пренесоа светските агенции.
Меѓу загинатите на Флорида има и 22-годишна жена, како и 71-годишен маж.
Според информации на Си-Ен-Ен, загинатите на Флорида се најмалку 45.
Уште три лица загинаа на Куба. Вистинскиот број на загинати во земјата се очекува значително да се зголеми откако службениците за вонредни состојби успеаја да ги пребараат областите најтешко погодени од невремето. Сè уште нема струја на многу места во земјата, истакнува Асошиејтед прес.
Откако смртоносната бура предизвика хаос во Флорида, ураганот Иан во петокот падна на брегот на Јужна Каролина, поплавувајќи цели населби. Над 55 илјади домаќинства во државата останаа без струја.
Во меѓувреме, Иан се намали на посттропски циклон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.