Се зголемува бројот на новозаразени со корона вирусот во Австралија, со што се зголемува и притисокот врз тамошните болници и центри за тестирање.

Во најнаселената сојузна држава на континентот, Нов Јужен Велс, регистрирани се 23.131 нови случаи.

Најголемата бројка е регистрирана на последниот ден од старата година, кога 22.577 лица биле позитивни на тестот.

Моментално во болница се сместени 1.344 лица.

Во сојузната држава Викторија денеска се регистрирани 14.020 нови случаи на заразени, а вчера имало 8.577.

Официјалните лица ги повикаа луѓето да не одат во болници освен ако не е неопходно, за да се намали притисокот врз здравствениот систем.

Некои центри за тестирање денеска мораа да бидат затворени поради недостиг на персонал и голем број тестови кои пристигнуваат за обработка во лаборатории.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.