Силниот и масовен руски ракетен напад врз магацини за оружје и муниција во близина на Хмелницки, предизвикал прилично силен земјотрес.

Според системот за следење на земјотресите на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар во 04.52 часот по московско време, северозападно од Хмелницки биле почувствувани потреси со јачина од 3,4 степени.

Според руски медиуми, значителен број противвоздушни ракети за системи за противвоздушна одбрана од западно производство, вклучително и за ПВО системи Патриот, биле складирани во 649-то авијациско складиште со ракетно оружје и муниција во селото Грушевица.

Ефикасноста на ракетниот удар го покажуваат и видеата од серијата експлозии, по коишто се крена огромен столб од пламен и чад предизвикани од уништената муниција и воена опрема.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.