Рускиот претседател, Владимир Путин, пристигна во главниот град на Казахстан, Астана, каде што во следните два дена ќе учествува на три мултилатерални самити, пренесува ТАС С.
Конференцијата за интеракција и мерки за градење доверба во Азија (CICA) се одржува во Астана денеска, а на неа учествуваат 27 земји-членки кои сочинуваат околу 90 отсто од територијата на Азија и речиси половина од светското население.
Планирано е на настанот, покрај претседателите на Русија и Казахстан, да учествуваат и лидерите на Азербејџан, Ирак, Иран, Катар, Киргистан, Палестина, Таџикистан, Турција и Узбекистан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.