Русија може да ја зголеми потрошувачката и преработката на енергетските ресурси, вклучително и нивно пренасочување. Ова го изјави рускиот претседател Владимир Путин.

Ни се отвораат алтернативни можности и опции. Што се однесува до руската нафта, гас и јаглен, можеме да ја зголемиме нивната потрошувачка на внатрешниот пазар, да стимулираме длабока обработка на јаглен, а исто така да го зголемиме снабдувањето со енергетски ресурси во другите региони на светот, таму каде што навистина се потребни – рече Путин.

Одбивањето на некои западни земји од нормална соработка, вклучувајќи ги и руските енергетски извори веќе погодија милиони Европејци, предизвикаа вистинска енергетска криза и, патем, ги погодија и САД. Цените растат насекаде и инфлацијата е висока. За овие држави тоа е апсолутно невидено, истакна тој.

Според него, за решавање на оваа задача се користат сите расположливи можности, вклучувајќи го и развојот на транспортните коридори, вклучително и Северната железница, пренесува Спутник.

Тој напомена дека активната изградба на Северната железница треба да започне во 2022 година.

Соочена со притисоците од санкции, Русија треба да посвети посебно внимание на проектите и плановите поврзани со развојот на арктичката зона, додаде тој и посочи дека тие не смеат овие планови да се поместуваат и одложуваат.

Како што додаде, во обид да се запре развојот на Русија, неопходно е да се одговори со развој на проекти, пред се во социјалната сфера.

Сите одговорни институции ангажирани на Арктикот треба компетентно и брзо да ја реорганизираат својата работа. Пред се, со цел да се обезбеди непречено снабдување со храна и лекови, гориво, градежни материјали и опрема на жителите на арктичките територии, работниците во смена, компаниите и социјалните објекти во регионот – рече тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.