Според проценката на украинската воена разузнавачка служба, речиси два месеци од почетокот на војната во Украина нема промена во планот на рускиот претседател Владимир Путин.

Сака да ја уништи државноста на Украина, тврди шефот на украинската разузнавачка служба Кирило Буданов за германски „Шпигел“.

Целта на воената агресија остана иста. Ова е операција што треба да ја уништи државноста на Украина“, рече тој.

Буданов вели и дека Русија сака Украина да престане да постои како држава.

На прашањето зошто Русија одлучила да ги повлече војниците околу Киев, тој посочи дека тие не се повлекле само така, туку дека украинската војска ги избрзала.

Почна со тоа што повторно го освоивме Ирпин. Така, постоеше опасност нивните сили околу Киев да се поделат на два дела, објасни тој.

Буданов изрази зачуденост „колку неспособно и неодговорно високите офицери на руската армија пристапиле кон подготовката на таква операција“.

Ако навистина мислеа дека се ќе биде готово за три дена, а според нашите информации беа убедени во тоа, тогаш руското раководство мора да се запраша колку се компетентни нивните генерали“, рече тој.

Буданов го повтори барањето на Украина за оружје од Германија.

Потребни ни се артилериски системи, во кои германската армија е силна. Потребни се и тенкови поради големите загуби на оклопни возила. Заедно со оружјето што би го добила украинската армија сака да ги „ослободи“ и окупираните територии, најави Буданов и додаде дека Крим е еден од нив.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.