Рускиот претседател Владимир Путин следната недела ќе посети две поранешни советски држави во Централна Азија, објави руската државна телевизија.

Путин првпат по инвазијата врз Украина ќе патува во странство односно ќе ги посети Таџикистан и Туркменистан.

Предвидено е Путин во Душанбе да се сретне со таџикистанскиот претседател Имамали Рахмон, близок руски сојузник. Рускиот претседател во Ашгабат ќе присуствува на Самитот на касписките држави, на кој ќе присуствуваат и лидерите на Азербејџан, Казахстан, Иран и на Туркменистан.

При руската инвазија врз Украина, што почна на 24 февруари, загинаа илјадници луѓе, а раселени се милиони лица, а Москва се најде под строги финансиски санкции од Западот. Путин тврди дека санкциите поттикнале зајакнување на трговските врски на Русија со Кина, Индија и Иран.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.