Рускиот претседател Владимир Путин предупреди на „трагични“ последици доколку западните земји испратат војници во Украина, велејќи дека неговата земја има оружје за да напаѓа цели на Запад.

(Западните нации) мора да сфатат дека и ние имаме оружје што може да погоди цели на нивната територија. Сето ова навистина се заканува со конфликт со употреба на нуклеарно оружје и уништување на цивилизацијата. Зар тие не го сфаќаат тоа?, рече Путин во четвртокот за време на неговото годишно обраќање за состојбата на нацијата.

Претходно оваа недела, францускиот претседател Емануел Макрон рече дека иако нема планови за испраќање западни трупи да се борат во Украина, можноста останува.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.