Рускиот претседател Владимир Путин се обрати до јавноста по повод кризата во Украина, а неговото излагање со големо внимание го следеше цел свет.
Модерна Украина е создадена од Русија. Украина не е само наша соседна земја , таа е нераскинлив дел од нашата историја во која живеат наши роднини и пријатели. Ситуацијата на истокот на Украина е критична, рече Путин.
Неговиот говор траеше околу 40 минути, при што рече дека Русија ги признава проруските сепаратистички региони како независни држави, додавајќи дека тоа требал да го направи и порано.
На крајот, во присуство на камери, Путин ги потпиша одлуките за признавање на Доњецк и Луганск како независни држави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.