Рускиот претседател Владимир Путин во моментов ѝ се обраќа на руската нацијата, а како што дознава агенцијата ТАСС од извори од Кремљ сѐ поверојатно е дека Русија ќе ги признае Луганската и Доњецката Народна Република, одлуки со кои, според многу аналитичари, Путин легално ќе може да ги помага овие региони, но и да започне војна. Додека тензиите растат во пограничните региони, неколку западни лидери со санкции му се заканија на Путин доколку се одлучи на признавање, кое, меѓу другото, ќе ги прекрши и Договорите од Минск.

Украина ја создадоа Русите – го започна Путин својот говор.

Според Ројтерс, Макрон и Шолц на телефон биле многу разочарани кога Путин им ја обзнанил својата намера вечерва да ги признае републиките во Доњецк и Луганск.

Имајќи го предвид сето ова, претседателот на Русија рече дека има намера во блиска иднина да потпише соодветен указ, се вели во соопштението од Кремљ.

Рускиот лидер размислува со ладна глава. Според него, тензиите нема да ги реши обичен мораториум на членството на Украина во НАТО, пренесува агенцијата ДПА. Зборувајќи на денешниот состанок на рускиот Совет за безбедност во Москва, Путин изјави „ние веруваме дека тоа не е отстапка за нас“.

Што сака Русија? Овојпат Западот како да омекнува на руските безбедносни барања од пред неколку недели. Првиот човек на руската дипломатија Сергеј Лавров, во четврток во Женева ќе се сретне со Ентони Блинкен на нова рунда разговори, а во петок во Париз ќе ја договара онлајн-средбата Путин-Бајден.

Шефот на ЕУ дипломатијата Жосеп Борел и германскиот канцелар Олаф Шолц упатија повици до рускиот претседател Владимир Путин да не ги признае таканаречените републики Доњецк и Луганск.

За време на состанок го следевме рускиот Совет за Безбедност со голема загриженост, разбираме дека конечната одлука сè уште не е донесена и го повикуваме Путин да го почитува меѓународното право и Договорот од Минск и да не ги признае Доњецк и Луганск. Во случај да одлучи да го стори тоа ќе реагираме во силен и обединет фронт – рече Борел по Советот на Министри за надворешни работи на ЕУ, мислејќи на економски санкции.

На слично мнение е и Шолц.

Признавањето на двата региона би претставувало еднострано прекршување на договорот од Минск, нагласи Шолц во денешниот телефонски разговор со Путин – рече портпаролот на германскиот канцелар.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.