Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша указ за економски мерки на одмазда поради непријателските дејствија на одредени странски земји.

Документот е објавен на официјалниот портал за правни информации, пренесува РИА Новости.

Уредбата забранува извршување на трансакции и исполнување на обврските кон странски физички и правни лица кои подлежат на руски возвратни санкции, како и извоз на суровини и производи од земјата во корист на тие лица.

Владата е должна во рок од десет дена да направи соодветен список.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.