Претседателот на Русија, Владимир Путин, потпиша указ за помилување на 52 осуденички на Меѓународниот ден на жената, соопшти прес-службата на Кремљ.

При носењето на оваа одлука шефот на државата се водел од хуманитарни причини. Амнестијата опфаќа, пред сè, жени со малолетни деца, бремени жени и жени чии роднини се вклучени во специјална воена операција, објави прес-службата.

Правото на претседателот на Русија да помилува осуденици е запишано во член 89 од рускиот Устав. Рускиот закон предвидува и постапка за амнестија, која не е индивидуална.

Во 2023 година Путин зборуваше за опцијата за амнестија за одредени категории жени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.