Претседателот на Русија, Владимир Путин на прес-конференција по средбата со унгарскиот премиер Виктор Орбан, изјави дека Москва не се залага ниту за примирје ниту за пауза во војната во Украинка, туку и за целосен и конечен крај на конфликтот.
Ние секогаш сме заземале став дека сме за дипломатско решение на конфликтот, но постојано слушаме од спротивната страна дека не сакаат конфликтот да се реши на тој начин, додека спонзорите на конфликтот се обидуваат да го искористат украинскиот народ како жртва за борбата против Русија, истакна Путин.
Тој се осврна и на односите помеѓу Русија и Европска Унија, нагласувајќи дека се „на најниска точка“, а посетата на Орбан на Москва ја гледа како обид за обновување на дијалогот со ЕУ.
Путин тричасовната средба со Орбан ја оцени како корисна и му се заблагодари за посетата. “
За Европа мирот е најважната работа. Ние ја гледаме борбата за мир како главна задача во текот на следните шест месеци од нашето претседавање (со Советот на ЕУ), посочи Орбан.
Тој истакна дека Унгарија претседавањето со Советот на ЕУ го смета за мировна мисија.
Потребни се многу чекори за да се стави крај на војната, но ние го направивме првиот чекор за да го вратиме дијалогот, истакна Орбан.
Тој додаде дека Европа живееме во сенка на војната.
Тоа предизвикува огромни тешкотии во Европа. Не можеме да се чувствуваме безбедни. Гледаме слики од уништување и страдање. Оваа војна почна да влијае на економскиот раст и нашата конкурентност, наведе Орбан.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.