Претседателот на Република Српска, Милорад Додик во Санкт Петербург се сретна со рускиот претседател Владимир Путин.

Кликс пишува дека пред средбата се случила малку смешна ситуација кога Додик отишол да го бакне Путин три пати, но очигледно еднаш му било доволно на Путин.

Изгледаше дека Путин е збунет од ситуацијата, па го потапка Додик по рамо и ги избегна другите два бакнежи.

Путин на средбата рекол дека Русија не го менува ставот во однос на Дејтонскиот договор и оти сметаат дека Дејтон е основа за зачувување на ситуацијата во Босна и Херцеговина, но и за развојот, пренесува Кликс. Путин рече дека е познат ставот на Русија и изјави дека надлежностите во Дејтонскиот договор се фиксирани и дека Русија ќе придонесе за тоа.

„Господине претседателе, драг пријателе, топло ви посакуваме добредојде во Санкт Петербург. Не толку одамна се сретнавме на спортски настан. Денес ја прифативте нашата покана да учествувате во работата на форумот во Санкт Петербург. Ние сме многу среќни поради тоа“, му рече рускиот претседател на Додик.

Додик, од друга страна, му се заблагодари на Путин за „принципиелноста за Дејтонскиот договор“.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.