Рускиот претседател, Владимир Путин, смета дека ризикот од нуклеарна војна се зголемува, но додава дека Русија не полудела и дека нема да биде прва што ќе употреби нуклеарно оружје.
Русија ќе прибегне кон оружје за масовно уништување само ако биде принудена да одговори на напад. Заканата (од нуклеарна војна) расте, би било погрешно да се сокрие“, порача Путин.
Сепак, тој истакна дека Русија „под никакви околности“ нема да го употреби прва ова оружје и дека никому нема да се заканува со својот нуклеарен арсенал.
Не полудевме, свесни сме што е нуклеарно оружје. Ние нема да мавтаме со ова оружје низ светот како да е жилет“, тврди рускиот претседател.
Говорејќи на годишниот состанок на Рускиот совет за човекови права, Путин додаде дека војната во Украина може да биде „долгорочен процес“.
Путин додаде дека Русија го има најмодерното и најнапредното нуклеарно оружје на планетата и ја истакна разликата меѓу стратегијата на неговата земја и онаа што ја спроведува Америка.
Западните власти веруваат дека Путин првично очекувал брза победа во Украина.
Можноста Москва да користи нуклеарно оружје се повеќе се доведува во прашање од почетокот на руската воена операција во февруари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.