Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со вршителот на должност министер за вонредни ситуации Александар Чупријан и му наложил итно да отпатува во Ростовската област за да организира обезбедување услови за сместување, храна и се што е потребно за бегалците кои пристигнуваат од Донбас.
Претходно, гувернерот на Ростовската област, Василиј Голубев, му се обрати на претседателот Путин со барање да обезбеди итна помош во таа област во врска со неочекувано големиот прилив на бегалци од Донбас.
Рускиот претседател, исто така, и наложил на Владата итно да обезбеди исплата од по 10.000 рубљи (околу 115 евра) за секој бегалец што ќе пристигне од Донбас во Ростовската област.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.