Рускиот претседател, Владимир Путин, проверил како напредува обуката на мобилизираните на полигонот во регионот Рјазан.

Претседателот на Русија на полигонот ја провери координацијата на единиците и подготвеноста на мобилизираните да извршуваат задачи од областа на специјалните воени операции – објавија на официјалната интернет страница на рускиот претседател.

Во соопштението се додава дека Путин набљудувал практични вежби во тактичка, противпожарна, инженерска и медицинска обука.

Претседателот го посетил и стрелачкиот комплекс, каде што мобилизираните војници вежбаат со огнено оружје како дел од единиците предводени од команданти и инструктори и го слушал извештајот на министерот за одбрана Сергеј Шојгу.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.