Рускиот претседател Владимир Путин ќе учествува на претседателските избори во 2024 година како независен кандидат.

Лидерот на „Праведна Русија“, Сергеј Миронов, на маргините на состанокот на иницијативната група за предлагање на Путин за шеф на државата, истакна дека Путин нема да биде кандидат ниту за Единствена Русија, ниту за Праведна Русија, туку дека ќе собира потписи.

Денеска на состанокот на организацискиот одбор ќе биде објавено дека Путин не доаѓа како кандидат од ниту една партија – ниту од Единствена Русија, ниту од нашата. Ќе собира потписи“, соопшти Миронов.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.