Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека испораките на САД на ракетите со долг дострел ATACMS на Украина се „грешка“ што ќе создаде дополнителни закани за руските сили, но нема значително да ја промени ситуацијата на фронтот.
Прво, ова секако предизвикува штета и создава дополнителна закана. Второ, секако дека ќе можеме да ги одбиеме овие напади. Војна е војна, рече Путин на прес-конференција за време на посетата на Кина.
Но, што е најважно, фундаментално недостига капацитет за воопшто да ја промени ситуацијата на линијата за контакт. Тоа е невозможно, ова можеме да го кажеме со сигурност. Ова е уште една грешка на САД, оцени Путин..
Украинскиот претседател Володимир Зеленски вчера по првпат потврди дека Киев почнал да користи проектили со долг дострел на Армискиот тактички ракетен систем (Army Tactical Missile System -ATACMS), обезбедени од САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.