Рускиот претседател Владимир Путин им го честита Велигден на православните христијани, нагласувајќи дека црквата отсекогаш била заедно со народот и со нив споделувала радости и неволји.

На овој празничен ден, со чувство на длабоко задоволство, сакам да ја истакнам креативната, навистина подвижна активност на Руската православна црква и другите христијански деноминации, насочени кон зачувување на нашето најбогато историско и културно наследство, решавање на клучни општествени проблеми, зајакнување на семејните институции, едукација на младите, усогласување на меѓуверските и меѓуетничките односи, рече Путин во честитката, пренесува Интерфакс.

Путин и градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин присуствуваа на полноќната велигденска литургија во црквата Христос Спасителот во Москва, која ја отслужи патријархот московски и на цела Русија, Кирил.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.