Во основно училиште во Тексас се случи пукање во кое најмалку две лица загинаа, а 14 се повредени. Меѓу нив има ученици. Престрелката се случила во 12:17 часот по локално време (19:18 часот по македонско време) во основното училиште Роб во Увалде, мал град во југозападниот дел на Тексас.
Напаѓачот е уапсен, а во болница се примени 13 деца. Две деца се пренесени во поголема болница во градот Сан Антонио, а другото се уште чека трансфер, јавува Си-Ен-Ен.
Меѓу оние кои завршија во болница е и 40-годишен маж. Двајца пациенти починале на пат кон болница, а нивната возраст не е позната.
#BREAKING Multiple children were shot & killed at an Elementary School in Uvalde, TX. Multiple LE sources tells me the shooter was a murder suspect, there was a bolo out for his truck— A pursuit ended near Robb Elementary—He ran into the school, started firing. Limited info. pic.twitter.com/AdVYsDoBem
— Ali Bradley (@AliBradleyTV) May 24, 2022
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.