Норвешка, која е една од најбогатите земји во светот, има пензиски фонд вреден над еден трилион долари. Тие пари им припаѓаат на пет милиони граѓани во земјата.

Тоа значи дека во просек има по 200.000 долари за секој граѓанин, објави сајтот „World of statistics“, на Твитер.

Норвешка е голем производител на нафта и ги внесува своите приходи од енергија во фондот со цел да ги финансира пензиите и другите државни трошоци.

Фондот е меѓу најголемите светски инвеститори во акции, а исто така, поседува големо портфолио на недвижен имот, вклучувајќи удели во згради на најпосакуваните адреси во светот, како што се Тајмс Сквер во Њујорк, улицата Реџент во Лондон и Елисејските полиња во Париз.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.