Две лица се убиени, а пет се ранети во оружен инцидент што се случи денеска во Вашингтон, соопшти полицијата. Си-Ен-Ен јави дека пукањето било пријавено околу 3 часот по полноќ по локално време, во близина на рекреативниот центар Кенеди.
Засега нама информации кој отворил оган и што довело до пукањето, кое се случило на десетина блокови североисточно од Белата куќа.
Жртвите и повредените, сите возрасни, се пренесени во локалните болници, изјави помошник началникот на Метрополитен полицијата Џефри Керол.
– Ги замолуваме сите кои можеби имаат каква било информација поврзана со овој инцидент или биле сведоци, да се обратат до Метрополитен полицискиот оддел, рече Керол.
Претходно, полиција објави на социјалната мрежа X, објави дека инспекторите бараат „црнец, со просечна градба, облечен во светли панталони и сина маица“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.