Најмалку седум лица се повредени во пукање за време на карипска парада во бостонскиот кварт Дорчестер, соопштија од полицијата.
Повредените биле пренесени во локалните болници. Тие имаат повреди кои не се опасни по живот, а неколку лица се уапсени и пронајдено е огнено оружје, соопшти наредникот на бостонската полиција Џон Бојл.
Пукањето се случило за време на парадата Жувер, која е дел од градскиот карипски карневал. Полицијата соопшти дека дојавите за пукањето почнале да пристигнуваат околу 7:45 часот по локално време.
Денешното масовно пукање ја нагласува кризата со оруженото насилство со која се соочуваме. Ова е вонредна состојба за јавното здравје и јавната безбедност“, изјави претседателот на Градскиот совет на Бостон, Ед Флин.
Пукањето се случило на почетокот на прославата на 50-годишнината од карневалските поворки во Бостон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.