Бројот на дневни случаи на Ковид-19 во Јапонија се зголеми за повеќе од 2.000 за прв пат од септември 2021 година.

Според податоците на Министерството за здравство, труд и благосостојба, случаите со вирусот влегле во нагорен тренд во Јапонија.

Според министерството, бројот на случаи се зголеми за повеќе од 2 илјади за прв пат по 26 септември 2021 година.

Во последните 24 часа бројот на заболени е зголемен за 2.638 или вкупно 1.740.022 заболени од почетокот на пандемијата, а бројот на починати во Јапонија е 18.410 лица.

Низ целата земја, 60 лица од Ковид-19 се на интензивна нега. Омикронската варијанта на вирусот беше откриена во 37 од 47 јапонски префектури. Агенцијата „Кјодо“ објави дека постои загриженост во земјата дека започнал 6-тиот бран на епидемијата.

Јапонската влада се очекува во текот на неделата да донесе одлука за повторно спроведување на вонредните мерки. Се очекува премиерот Кишида Фумио да ги објави мерките по неговата средба со членовите на кабинетот и експертите за јавно здравје.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.