Првите американски војници распоредени заради зајакнување на источното крило на НАТО пристигнаа во Летонија, јави ДПА.
Четириесетина американски војници пристигнаа во Летонија од Италија рано изутринава, што е првата група од, како што се очекува, распоредување на повеќе од 300 војници, соопшти летонското Министерство за одбрана.
Војниците, кои ќе бидат сместени во воената база Адази, во непосредна близина на летонскиот главен град Рига, пристигнале нешто по полноќ по локално време, пред да започнат непријателствата во Украина, се додава во соопштението.
Американскиот претседател Џо Бајден во вторникот најави прераспределување на војниците во Европа. Според американски официјален претставник, кој побарал да остане неименуван, тоа подразбира испраќање на 800 пешадиски војници во балтичкиот регион и до осум борбени авиони Ф-35 на неколку оперативни локации долж источното крило на НАТО.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.