Руската надворешна политика кон Украина е диктирана од каприците на претседателот Владимир Путин, а не од рационалното размислување, тврди неговиот француски колега Емануел Макрон.

Во интервју за Си-Ен-Ен, Макрон шпекулираше за начинот на размислување на Путин и причините поради кои наредил руските војници да влезат во Украина на крајот на февруари.

„Немам рационално објаснување. Мислам дека ова е низа незадоволства, ова е стратегија на хегемонија во регионот и би рекол дека е последица на изолацијата по Ковид-19“, рече тој.

Францускиот лидер тврдеше дека кога Путин „одлучи да ја започне својата војна на 21 февруари, мислам дека ја направи првата огромна грешка“.

И тој реши да ја стави Русија во позиција навистина да биде нова империјална земја и да започне колонијална војна“.

Макрон рече дека „сега на сите им е јасно дека лидерот кој одлучи да влезе во војната, лидерот кој реши да ескалира е претседателот Путин“.

Одби да ја осуди Кина

Новинарот Џејк Тапер го праша Макрон за ставовите на земји како Кина, кои го признаваат образложението на Москва да се спротивстави на проширувањето на НАТО, а од друга страна ја отфрлаат идејата за вооружување на Украина и казнување на Русија со економски санкции. Макрон одби да ги осуди.

Мислам дека треба да избегнуваме да им држиме предавања на луѓето и да им велиме дека сме на добрата страна на историјата. Мислам дека ако имаме многу почит, ќе се обидеме да ги разбереме каде стојат, во што веруваат и какви се нивните чувства, рече тој.

Францускиот претседател, говорејќи за бројните средби со рускиот колега, рече дека дипломатските контакти донеле одредени позитивни резултати. Тој, исто така, рече дека би било неправедно да се критикува Германија дека е зависна од руската енергија со децении.

Макрон ги отфрли критиките на Тапер кон ОН како застарени, тврдејќи дека нема подобра алтернатива.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.