Украинскиот претседател Володимир Зеленски повеќе од еден час одржува прес-конференција во Киев – првпат од почетокот на војната во Украина, јави Би-Би-Си.

Зеленски во моментов одговара на новинарски прашања.

– Војната можат да ја спречат само тие што ја започнаа, рече на почетокот Зеленски. Запрашан дали сè уште инсистира на средба со рускиот претседател Владимир Путин и дали смета дека разговорите со него ќе стават крај на војната, Зеленски рече дека војната може да ја запре само тој што ја започнал.

Тој инсистира на завршување на војната и потенцираше дека секој „здрав човек попрво би го избрал дипломатскиот пат“ за да ги реши прашањата отколку со воено решение.

Украинскиот претседател додаде дека не се плаши за својот живот, но дека неговото семејство е многу загрижено за него.

Исто така, кажа и дека не се плаши од средба со Путин.

„Немам право да се плашам бидејќи нашиот народ покажа дека нема страв, рече Зеленски.

Според него, зборовите „Русија“ и „доверба“ се антоними, па за Русите кажа и дека кога „тие нешто ќе кажат, нивните зборови не соодветствуваат со нивните дела“.

Во врска со мировните преговори со руската страна, Зеленски кажа дека украинските преговарачи ќе се повлечат од нив доколу Москва ги убие украинските сили кои сè уште се наоѓаат во фабриката за челик Азовстан во Мариупол.

„Ако нашите луѓе бидат убиени во Мариупол, Украина ќе се повлече од каков било преговарачки процес“, порача украинскиот претседател.

На средбата со новинарите, тој порача дека Украина ќе ги врати сите делови од својата територија кои ги зазела Русија, како и дека неговата земја по војната со години ќе биде во состојба на воена готовност.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.