Беспилотното извидувачко летало на НАТО, Ер-Кју-4Д „Феникс“, го заврши првиот лет на дрон на Алијансата над територијата на Финска, најновата членка на Пактот.
Како што соопшти НАТО, дронот, кој летал на големи височини над териториите на сојузниците и во меѓународниот воздушен простор, собирал податоци за потребите на Алијансата наменети за поддршка на мерките за колективно одвраќање и одбрана.
Мисијата на дронтот, кој е во состав на Копнените сили за надзор на НАТО (НАГСФ), е извршена во период кога Воздухопловните сили на НАТО продолжуваат да ги засилуваат своите извидувачки мисии на источните граници на Алијансата како резултата на руската агресија врз Украина.
Од 2022 година, флотата од дронови на НАТО за копнено извидување изврши повеќе мисии на источното крило на Алијансата, претежно во регионот на Црното Море.
Ер-Кју-4Д „Феникс“ е меѓу најнапредните беспилотни летала во светот, кои можат да се користат за разузнавање, надзор и извидување на широк простор. Дронот е стациониран во база во италијанскиот град Сигонела и може да остане во воздух повеќе од 30 часа.
Податоците собрани од дронот и анализирани од експерти на НАГСФ се достапни за сите сојузници на Алијансата, се додава во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.