Рускиот премиер, Михаил Мишустин, изјави дека досега против Русија се воведени вкупно над 6.000 санкции.

Поднесувајќи извештај за работата на владата до руската Дума, Мишустин изјави дека санкциите што следеле оваа година биле од невидени размери и дека на Русија и биле воведени повеќе ограничувања од која било друга земја во историјата.

Санкциите се насочени против сите Руси – изјави премиерот.

Мишустин истакна дека поранешните партнери на Русија се натпреваруваат околу тоа кој ќе воведе повеќе рестриктивни мерки и дека целта на санкциите е да се предизвика паника и да се зададе удар врз секој руски граѓанин, а земјите кои воведоа санкции се вратија на нивната „типично пиратска практика“, со којашто имаат намера да ја отсечат неговата земја од светот.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.