Израелската армија (ИДФ) денеска соопшти дека го пронашла најголемиот тунел во Појасот Газа во близина на граничниот премин Ерез кон Израел, кој исламскиот екстремистички Хамас го користел за напади.

Тунелот е долг околу четири километри, педесетина метри под земја, а на некои места, се чини, е доволно широк за да можат да поминуваат возила, но не навлегува на израелска територија.

Еден од влезовите во тој тунел е пронајден на само 400 метри од преминот Ерез, преку кој палестинските цивили влегувале во Израел за да работат и да се лекуваат.

Во некои делови биле пронајдени непробојни врати, за кои се вели дека биле поставени за да се спречи влез на израелски војници. Во тунелот е пронајдено оружје што му припаѓа на Хамас.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.